Метин Фејзиоглу: Претседателскиот систем на Ердоган ќе доведе до „султанат“
Новиот устав, кој претседателот Реџеп Таип Ердоган се обидува да и го наметне на Турција, во пракса земјата ќе ја претвори во „султанат“ и ќе стави крај на демократијата, изјави претседателиот на Сојузот на турскиот адвокатски колегиум, Метин Фејзиоглу, јави ДПА.
- Во нашите книги има специјален термин за тоа, тоа се нарекува султанат, рече Фејзиоглу денеска во Анкара.
Во моментов Парламентот е во процес на усвојување на уставните измени за воведување на претседателски систем, откако 18 члена беа одобрени со неопходното мнозинство од три петини во првото читање, а седум од нив веќе се одобрени и во второто читање.
Иницијативата на владејачката Партија на правдата и развојот е поддржана од крајнодесничарската Партија на националистичко единство, но двете партии заедно немаат доволно гласови за да го изменат Уставот без референдум.
Ердоган и раководството на Партијата на правдата и развојот сметаат дека пакетот уставни реформи, кој ќе создаде силна извршна власт, ќе помогнат во стабилизацијата на Турција. Противниците на мерките сепак сметаат дека тие ќе му наштетат на механизмот на контрола меѓу властите на државата и оти власта ќе биде сконцентрирана само во една институција.
- Може да се побара целосно укинување на поделбата на власта, рече Фејзиоглу и додаде дека новиот систем би довел до „нестабилност и хаос“.
Ново на Сител
-
Кумановец чистејќи го својот пиштол се застрелал
-
Пукање во училиште во САД - Најмалку три деца загинати
-
Бобан Илиоски повторно во негов стил со победи на WAKO-PRO ARENA FAJT турнирот во Сплендид Будва
-
МОН: Се одобруваат нови учебници за средно стручно образование, ќе се печатат етапно
-
Изминатото деноноќие произведени 12,827 мегават часови електрична енергија
-
Имам информации за спорадични случаи на обиди за асимилација на Македонците во Албанија од страна на Бугарија, тврди Џачка
-
Самостојниот синдикат на здравство најави протест пред Министерството за здравство
-
Џачка: Уставните измени треба да се направат, сите треба да се свесни дека така ќе се отвори патот на евроинтеграциите