МФ: Со аукциите се финансира дефицитот, согласно буџетот
Буџетот годинава, како и изминатите, е планиран со буџетски дефицит, што значи дека расходната страна е поголема од приходната и тоа е пракса за економиите во развој преку јавната потрошувачка да го поттикнат економскиот раст во земјата, информира денеска Министерството за финансии.
- Буџетскиот дефицит се финансира од внатрешни и надворешни извори, како што е наведено и во буџетот. Внатрешни извори за финансирање на буџетскиот дефицит се државните хартии од вредност. Значи разликата од она што денес е повлечено на аукцијата на државни хартии од вредност и она што утре ќе биде вратено во стопанството по основ на доспеани за враќање државни хартии од вредност ќе се искористи за финансирање на буџетскиот дефицит, предвиден со буџетот за 2017 година, се наведува во рекцијата на Министерството по денешните обвинувања од СДСМ за новото задолжување на државата.
Ликвидноста на пазарот, како што се наведува, е особено висока, што придонесе за значително намалување на каматните стапки на државните хартии од вредност, што значи дека по пониска цена може да се обезбеди капитал за финансирање на буџетскиот дефицит, кој е предвиден со буџетот.
- Министерството за финансии го спроведува буџетот и води прудентна политика на јавниот долг, за што добивме потврда неодамна и од Меѓународниот монетарен фонд. Сензационализамот кој се прави од аукциите на државни хартии од вредност е далеку од основан, бидејќи аукциите на државни хартии од вредност во сите економии се нормална пракса, се вели во соопштението.
Од Министерството за финансии потсетуваат дека државните хартии од вредност се воведени во 2004 година и, како што се наведува, за разлика од денес кога каматата е 2 проценти, тогаш таа изнесувала 11 отсто.
Ново на Сител
-
Аврамовска Мадиќ: Излезноста на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ 54 отсто
-
Деспотовски најави приговори за изборите за претседател на СДСМ
-
За ниедни пари не би пеела за партија | Лара Иванова | ПРОфесија | Sitel Podcast 049
-
Французите масовно гласаат во првиот круг од парламентарните избори
-
Гувернерот на Истанбул ја забрани Парадата на гордоста, го затвори центарот на градот
-
За влез во земјава на „Табановце“ се чека два часа, на останатите премини околу еден час
-
Два хеликоптера на МВР вклучени во гасењето на пожарот кај Василево
-
Најмалку 18 лица загинаа, а 30 се ранети во три напади на жени бомбаши самоубијци во Нигерија