МФ запиша хартии од вредност во висина од 10,6 милиони евра
Министерството за финансии на денешната аукција издаде државни хартии во вредност од 652 милиони денари или 10,6 милиони евра.
Сегашните камати за државни хартии од вредност, како што истакнуваат во денешното соопштение од Министерството, се меѓу историски најниските и се движат од 1,45 отсто до 3,8 отсто во зависност од рочноста. Тие се двојно пониски во однос на каматата на старите долгови кои се сервисираат. За споредба, посочуваат од Министерството, каматата кон Дојче Банк изнесуваше 6,456 отсто.
Во соопштението се наведува дека во периодот од јуни до денеска, Министерството за финансии има вратено стари долгови во износ од 122,5 милиони евра. За овој период државниот долг е намален, а официјалните податоци за тоа колку изнесува истиот за вториот квартал од годинава ќе бидат објавени на веб-страната на Министерството за финансии на 31 јули 2017.
Од Министерството за финансии посочуваат дека во насока на транспарентноста во работата со јавните финансии редовно ќе ги информира граѓаните за средствата кои се позајмуваат, како и за нивната намена.
- Средствата кои досега беа повлечени беа искористени за враќање на доспеани, наследени долгови, но и за тековно финансирање на буџетот, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.
Ново на Сител
-
Угинаа две лами во скопската Зоолошка - Кај првата е утврдено дека имала туберколоза
-
Тема на денот со Гордан Јорданов, од Обединета македонска дијаспора
-
Уапсен директорот на Геријатрија – земал поткуп од 20 000 евра
-
Обвинителството нема да го гони судијата за поправањето оценки
-
Мицкоски: Правдата за Теодора не е задоволена, Судски да ја преиспита работата на тетовскиот судија
-
Четворица од повредените во Кочани во подобрена состојба денеска се испишани од софиската болница “Пирогов”
-
Филипче повика на уставни измени, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека е апсурдно да зборува за ЕУ
-
Меџити: Таравари да одлучи или со нас во Влада, или е со ДУИ