МИА влегува во преговори за колективен договор

МИА ќе биде првиот медиум во Македонија што ќе почне преговори за потпишување на првиот колективен договор меѓу синдикатот и работодавачите.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која денеска ја посети МИА токму по овој повод, истакна дека е важно во процесот на преговарање да бидат опфатени сите прашања што може да се очекуваат од колективниот договор и до каде треба да одат нашите амбиции.
- Кога станува збор за договор значи дека двете страни треба да бидат согласни по истите прашања и треба да најдете средина никој да не биде оштетен - ниту работодавачот, ниту работниците, а сепак да имаме поповолни услови за работа или некои поволности за работниците. Не секогаш станува збор за преговор само за плата, туку и за други услови што барате да ви бидат обезбедени за да имате соодветно работно место. Секако дека и платата е отворена за дискусија и тоа ќе треба да го преговарате во согласност со буџетот на институцијата и можностите кои се лимитирани и се главно буџетски, рече Царовска, изразувајќи надеж дека создадените поволни можности за синдикално преговарање ќе бидат искористени.
На средбата со вработените присуствуваше и Јасмина Поповиќ од хрватската национална телевизја ХТВ, која споделувајќи го своето искуство говореше за методологијата на водење на преговарачкиот процес.
Во преговорите за склучување на колективниот договор на вработените во МИА ќе биде вклучен и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници - ССНМ, како репрезентативен синдикат во фелата.
Ново на Сител
-

Подвиг за незаборав - Владо Деловски се искачи на планината каде пред години го загуби својот татко
-

Државни и воени делегации оддадоа почит на загинатите бранители во касарната „Илинден“
-

Дрско и непристојно се однесувал пред градски базен, приведен кавадарчанец во алкохолизирана состојба
-

Приведен 18-годишник, осомничен за грабеж на накит од 70-годишна скопјанка
-

Поголем дел од државава со висок метеоролошки индекс за опасност од пожари
-

Над еден милион патници влегле во Грција преку Евзони од почетокот на летото
-

Мисајловски: Храброста и пожртвуваноста на бранителите се траен аманет за идните генерации
-

Пронајдени марихуана и кокаин во Штип, приведени три лица | ФОТО
