-->
-->
Промоција на Источниот плански регион, како регион на УНЕСКО
-->

Источниот плански регион е регион на УНЕСКО и како таков, има историска можност овој факт да го искористи за силна промоција на домашно и меѓународно ниво, потенцираат експертите кои работеа на Стратегијата за развој на туризмот на овој регион.
Штипскиот обичај „Четрсе“ и делчевското оро „Копачка“ нематеријални богатства веќе впишани на репрезентативната листа на УНЕСКО, му ја даваат оваа предност на регионот. Ова посебно го потенцира м-р Василка Димитровска од „Хаемус“ која работеше на Стратегијата за развој на туризмот на Источно-планскиот регион.
- Како културни елементи и содржина која би можела да биде значајна и привлечни од туристички аспект за Источниот плански регион е доминацијата на атрактивности кои се ставени на листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО. Во последните две години Република Македонија ја имаше честа да впише три добра на листата на нематеријално наследство на УНЕСКО, обичајот Четрсе, орото Копачка и Гласоечкото пеење. Од нив обичајот Четрсе и орото Копачката, се пратикуваат како изворни во регионот на ИПР, рече Димитровска.
Но, освен овие веќе заштитени нематеријални богатства од УНЕСКО, во овој регион се чува и обичајот мартинки кој е дел од четвртата мултинационална апликација поднесена до УНЕСКО.
- Четвртата апликација поднесена во УНЕСКО е мултинационална, во која Република Македонија заедно со Романија, Бугарија и Молдавија, го предлага за заштита обичајот со мартинките коj е најмногу се зачуван во околината на Штип, Берово и Делчево, а особено во Пијанечката област. Отткука не би била претенциозна забелешката дека ИПР би можел да се третира како регион на УНЕСКО и како таков покрај Охрид е единствен на територијата на Република Македонија, истакна Димитровска.
Во акцискиот план на Стратегијата за развој на туризмот на ИПР, се дадени 85 мерки , предлози и иницијативи за развој на туризмот на Истоков. Но,како овие мерки и оваа Стратегија да не останат само на хартија.
- Постојат многу препораки во усвоената Стратегија за развој на туризмот на Источно-планскиот регион. Главната визија на Стартегијата е регионот во следните неколку години да создаде препознатливи туристички дестинации, со производи кои ќе се базираат врз природното и културно наследство на регионот, како и традицијата на луѓето кои живеат тука; прилагодени, секако, кон барањата и потребите на современите туристи, потенцираше Димитровска.
Инаку, ИПР во декември лани донесе Стратегија за развој на туризмот за период од 2016-2025 година, каде се лоцирани над 600 вредни локалитети и можност за развој на 30 потенцијални видови туризам.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Французин пронајден мртов на лежалка во Ксамил, се сомнева дека бил избоден до смрт од албански државјанин
-

Ангелов: Велешките пожарникари заштитија две села од пожарот, кој од Велес премина во Зелениково и во општина Студеничани
-

Муцунски: По 2019 година повторно ќе се одржи Амбасадорскиот совет, ќе постави конкретни задачи за дипломатската мрежа
-

Неизвесен настапот на Синер на УС опен
-

ХИВ во пораст: 11 нови случаи во јули, меѓу нив и 20-годишник
-

Во Скопје вечер 13. дезинсекција против комарци сезонава
-

Најмалку десет жртви во последните руски напади врз Харковската област
-

Дрога пронајдена при претрес во Прилеп, приведен 47-годишен прилепчанец
