Мицевски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе Иницијативата за собирање на граѓански потписи и за почеток на Референдум до Собранието
Денеска и официјално ја поднесуваме Иницијативата до Собранието онака како што е процедурата за отпочнување на процедура за утврдување на уредноста на Иницијативата за собирање на граѓански потписи и за почеток на референдумот кој што ВМРО-ДПМНЕ го најави.
Можам да информирам дека се собрани некаде повеќе од 650 потписи за не повеќе од половина час и како што најавивме еве денеска ќе ја доставиме Иницијативата до Собранието. Се надевам дека претседателот на Собранието нема да користи некои негови познати методи и дека уредноста на Иницијативата ќе биде утврдена и истата ќе почне со процедура во Собрание онака како што налага и Деловникот за работа и како што налага и законот за Референдум и други видови на граѓанско изјаснување.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Лекот „Фостер“ ќе биде достапен во аптеките без доплата, само со законски утврдената партиципација
-

Уапсен 19-годишниот возач кој прегазил жена во Ѓорче и избегал
-

Мозаичната икона „Исус Христос на престол“ од XIV век ќе биде претставена во Галеријата на икони во Охрид
-

Оружје пронајдено при претрес на 77-годишен кумановец
-

ПФЛ: Шкендија Арачиново – Силекс за старт на второто коло
-

Активен пожар во село Грешница во Македонски Брод
-

Трамп изјави дека според него војната со Иран ќе заврши „многу наскоро“
-

Најмалку двајца загинати и 13 повредени во експлозија крај Дамаск
