Мицкоски: Ако има малце разум кај Ковачевски и останатите треба да го слушнат тоа што народот го зборува
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на новинарско прашање дали повторно ќе излезат на протест и дали мисли дека владата ќе ги слушне нивните барања кажа дека премиерот Ковачевски треба да го чуе гласот на народот.
- Ако има малце разум кај Ковачевски и останатите, треба да го слушнат тоа што народот го зборува затоа што тие повеќе не се грижат за иднината на овој народ и на државата отколку самиот народ за својата иднина и за Македонија. Мислам дека овие десетици илјади кои што излегуваат секој ден овде пред платото на владата се тие коишто можеби за прв пат во овој период од годината громогласно му упатуваат порака и на Ковачевски и на останатите таму во владата дека ова што го прават е погрешно и дека тие не се согласуваат со тоа. Иако морам да признаат дека информациите се спротивни и дека она кое што јас го имам како информација е дека најверојатно во текот на утрешниот ден на владина седница ќе помине позитивното да на Бујар Османи со што формално ќе се потпише протоколот од втората меѓувладина седница на владите на Македонија и Бугарија и со тоа формално практично владата се согласува на записникот од првата меѓувладина но и понатаму откако ќе се создадат условите да ја прифати преговарачката рамка во која се наоѓаат и се содржани и историјата и образованието и културата. Така што, очекувам барем малку разум до утре да се предомислат и да го слушнат ова громогласно не, на тоа што го прават во овој момент со македонскиот идентитет, кажа Мицкоски.
Ново на Сител
-

Тошковски: Од 12 октомври „Безбеден град“ ќе се применува во Охрид, Дебар, Кичево и Струга
-

Шведски и фински „ловци“ подигнати по тревога за пресретнување на руски воени авиони
-

АХВ: 560 вонредни контроли во објектите за производство на сладолед и мраз, издадени 140 решенија за утврдени неусогласности
-

Земјотрес почувствуван во Битола, Ресен и околината
-

Облачно и постудено со повремен дожд
-

Десетици делегати демонстративно ја напуштија салата на Генералното собрание на ОН на почетокот на говорот на Нетанјаху
-

Николоски: Од март следната година нова авиолинија Дубаи-Скопје, преговараме и за поврзување на Охрид со еден од аеродромите во ОАЕ
-

Две финалиња за Македонија: Андонов и Николов ќе се борат за злато на Светското во кикбокс
