Мицкоски: Ако референдумот биде успешен и мнозинството е „за“, ќе го почитуваме тоа
- Ако референдумот биде успешен и мнозинството гласа во насока на поддршка на референдумското прашање, ситуацијата е јасна и ВМРО-ДПМНЕ тоа ќе го почитува, рече вечерва лидерот на партијата Христијан Мицкоски на вечерашната дебатна емисија на ТВ 21.
- Ако референдумот е успешен и ако мнозинството граѓани се изјаснат „за“ дека го поддржуваат сето ова, тогаш ситуацијата е јасна, односно, ако бидат исполнети двата услова, првиот да има цензус и мнозинството да гласа во насока на поддршка на референдумското прашање, ситуацијата е јасна. Партијата ќе донесе свој став, но во таков случај и за нас и за целата македонска политичка јавност е јасно дека референдумот ќе биде успешен ако бидат исполенти овие два услова и тука нема дилема, рече Мицкоски прашан дали ако референдумот биде успешен ќе им каже на пратениците од партијата да ги поддржат уставните измени за кои е потребно двотретинско мнозинство во Собранието.
Во врска со ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да дозволи промена на уставното име, Мицкоски рече дека партијата се уште го застапува тој став, но ако има успешен референдумски процес и мнозинството граѓани се изјаснат во насока на поддршка на Договорот во кој е предвидено, меѓу другото и тоа, ќе ја почитува таквата одлука.
Во однос на референдумот го повтори партискиот став дека секој треба самостојно да одлучи.
Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ е за интеграција во ЕУ и НАТО, но е против Договорот за името со Грција.
Прашан зошто тогаш не повикал граѓаните да излезат на референдум и да гласаат против, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека тоа би го направил ако прашањето се однесуваше само на Договорот. Сегашното референдумско прашање, според него е манипулативно.
- Ставот на ВМРО-ДПМНЕ во минатото, но и сега е искрен, чесен и принципиелен и вели дека секогаш кога има решение, кога има договор ние треба да одиме на референдумско изјаснување на граѓаните. Но, неприродно, неетички, манипулативно успеавме два атрибути да споиме, а тоа е Европската Унија и НАТО да ги поврземе со темата договор, вели Христијан Мицкоски
Ново на Сител
-

Бели волци ископале дупки и избегале од живеалиштата во Зоолошка, усмртиле четири кенгури и ему птици
-

Мицкоски: Со Чебрен и Галиште драматично ќе се зајакне стратешката позиција на државата, не само за електрична енергија, туку и акумулација за вода и туризам
-

Родителите на жртвите од „Пулс“ ја напуштија судницата по барањето за изземање на обвинителката Сарамандова
-

ФИА издаде предупредување за прегревање за време на ГН на Австрија
-

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжи со презентација на докази за лиценцирањето на објектот
-

Медицинска сестра Стефани Столевска: Сите сме потенцијални пациенти, но и потенцијални дарители на живот, затоа да кажеме „да“ за органодарителството
-

Проблеми за автомобилот налето и како да се решат навреме?
-

Белград е меѓу најскапите европски градови за самци - киријата одзема најголем дел од заработката
