Мицкоски и Таравари ќе присуствуваат на пуштањето на реновираниот прв кат на Универзитетската клиника за психијатрија
Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Арбен Таравари денеска ќе присуствуваат на пуштањето на целосно реновираниот прв кат на Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје.
На комплетно реновираниот прв кат е поставена нова фасада, нов покрив и нова фасадна столарија со што значително се подобрува енергетската ефикасност на Клиниката, се намалуваат загубите на топлинска енергија. Со тоа ќе има заштеда на електрична енергија, средства кои повторно остануваат во здравствениот систем во интерес на пациентите.
Првата фаза од проектот е финансирана преку Светска банка во соработка со Министерство за финансии во делот на подобрување на енергетската ефикасност реализирана минатата година, по што Министерството за здравство се вклучи во делот на внатрешно реновирање, односно комплетно е реновиран првиот кат, каде има и посебно адаптирана болничка соба за лица со хендикеп.
Вкупната сума на инвестицијата изнесува над 40.000.000 денари. Преку проектната единица на Министерство за финансии за првата фаза се инвестирани 29.000.000 денари, а 12.000.000 денари преку Министерство за здравство за реализација на втората фаза.
Ново на Сител
-
Низ патарините лани поминале 62.662.988 возила, ЈПДП со приход од над 66.5 милиони евра
-
Уапсен кичевчанец, пренесувал мигранти од Кина
-
Прва крводарителска акција во 2025 година во Делчево
-
Трамп: САД се катастрофа, „смешка“ во очите на светот
-
Девојче е првото родено бебе во Куманово
-
САД ги разгледуваат правилата за ограничување или забрана на кинеските дронови
-
Македонски државјанин пронајден мртов во Италија
-
Утре седница на собраниската Комисија за избори и именувања, на 10 јануари пленарна седница