Мицкоски иницира изготвување стратегија за државата во соработка со МАНУ, ја повика опозицијата заеднички да носат одлуки
Премиерот Христијан Мицкоски денеска, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври, рече дека иницира проект за развој на државата кој ќе биде преточен во стратегија до 2050 година. Целите на проектот, како што напомена, ќе се дефинираат во соработка со МАНУ, а на крај, по нивното заокружување, ќе се бара сеопфатен консензус, од сите политички партии и чинители.
Според Мицкоски, станува збор за стратегија „чии цели нема да зависат од лакомоста и незнаењето на политичарите“.
Тој ја повика опозицијата на соработка и заедничко носење одлуки.
-Ајде да се обединиме и заеднички да ноосиме одуки за иднината зашто друга татковина немаме. Да размислиме стратешки за добро на државата. Секој ваш предлог што е конструиктивен ќе го прифатиме. Ако саке да успееме, немаме избор, освен да соработуваме и тоа мора да почне веднаш и сега. Површниот пристап кон политиката не доведе до ова дереџе. Иако и левицата и десницата имаат квалитетни луѓе, сепак, не се изнајде сила да се утврди национална стратегија, времето сега не работи за нас, секој што тоа ќе вби го кажќе,м ве лаже, времето како поминува работи против нас, ако сите сега не помогнеме заедно, за ќжал, ќе бидеме теритоија поман со духови, крстоцница на шверцери мигранти, зомби држава, тоа некому му одговара но нам не, убеден сум дека тоа не му одговара на регионот. сакам да им порачам на сите подгфотвени да се борат за овие идеи, кои се столбот и кичмата на македопнската држава, дека се додека сум премиер ќе бидам вашито глас. време да се покаќе дека моќеме, нагласи Мицкоски.
македонија мора да биде повторно горда, безбедна, земја на развој и просперите каде живеат срежни луѓе, тоа е нашата цел.
Тој потенцира и дека науката, целите и стратегијата не треба да се етнизираат.
-На граѓаните им е преку глава од водење државта ден за ден. Мора да се обединиме и да поставиме долгорочни цели за развој. Од кога почнав да се занимавам со политика тврдам дека на ова наше македонско прашање му е потребна енергија. Сметам дека денес дојде денот да почнеме нов, сериозен проект. На овој ден сакам да иницирам проект кој ќе го договори Владата со МАНУ и универзитетската заедница, проект кој ќе биде претрочен во стратегија до 2050 година, со кој ќе се дефинираат развојот на државата, демографските предизвици, економските цели, земјоделскиот, технолошкиот, енергетскиот и транспортниот развој. Да изготвиме стратегија која ќе ја дефинира новата парадигма на современата држава. Ќе побарам широк партиски консенсуз за прифаќање на стратегијата. Таков консензус ни недостига сите овие години, истакна Мицкоски.
Тој го отвори и прашањето за наталитетот, предупредувајќи дека според последните истражувања, во следнтие 70 години сме на добар пат да исчезнеме како држава.
Ново на Сител
-
Пад на индустриското производство од 7,9% во септември
-
Тема на денот со Благој Бочварски, СДСМ
-
Први пратенички прашања за Мицкоски, Филипче му побара оставка
-
Реакции по извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија
-
Екс министерката Костадиновска заработи кривична пријава за Универзална
-
Се уште нема никаква одговорност за смртта на 14 месечното бебе од Гошинце
-
АХВ: Потврден случај на птичји грип кај угината гуска во Злокуќани
-
Побарано да се забрани внес на нови животни во скопската зоолошка