Мицкоски: Јазикот е единствената наша татковина
Јазикот е единствената наша татковина. Сѐ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште“. Овие зборови на Блаже Конески се најдобриот опис на македонскиот јазик, неговото значење и неговиот идентитетски белег на Македонија и Македонецот.
Ова го напиша претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на неговиот фејсбук профил, по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик.
- Македонскиот јазик не е дрво без корен, тој битисувал и ќе битисува на овие простори со векови. Македонскиот јазик е секоја песна, секоја приказна од нашите дедовци и баби. Македонскиот јазик е секоја книга од средновековието до денес. Македонскиот јазик е проткајан од преродбениците, преку Мисирков, Рацин, Конески до секој Македонец кој денес го говори и ќе го говори. Тој не е монета за поткусурување како што денес неразбраните трговци го преговараат, па уште и без срам велат дека го испреговарале. Јазикот е татковина, која сме ја наследиле, која мора да ја чуваме грижливо и да ја предадеме како светост на идните генерации Македонци, напиша Мицкоски на Фејсбук.
Ново на Сител
-

Земјотрес од 4,5 степени почувствуван на југот на Албанија
-

Силно невреме го зафати вчера Кочани, делови од градот останаа без струја
-

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
-

Ставен под контрола пожарот во Преспа кој навлезе во Националниот парк Пелистер
-

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово
-

Ангелов: Пожарот кај Макази најверојатно е подметнат, може да се прошири кон НП Пелистер
-

Андреј Смилевски со убедливи 3:0 избори финале на Светскиот куп во Будимпешта
-

Пепи Велков обезбеди финале, утре ќе се бори за злато против Украинецот Кобзиев
