Мицкоски: Како граѓаните да се чувствуваат безбедни кога полицијата под водство на СДСМ организира следење и шиканирање

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес од Пештани одговарајќи на новинарско прашање во однос на злосторничката групација формирана од полициски службеници под водство на Заев и министерот за внатрешни работи, за малтретирање на граѓани во изборна кампања истакна дека има повеќе докази кои се доставени до меѓународната заедница и го повика обвинителството да отвори истрага.
„Да, имаме повеќе вакви докази што се доставени до меѓународната заедница, го повикувам и обвинителството да излезе со истрага и таа истрага да кулминира со кривична пријава, бидејќи таму имаме повеќе од 40-тина полициски службеници кои што се блиски до владејачката партија до СДСМ, гледате таму каква реторика има, гледате каков е речникот на тие луѓе кои што треба да бидат пример во средините каде што функционираат, за жал тие се само од тоа што го прочитав не се пример во општината и предизвикаа една жестока турбуленција во мојот стомак и едно чувство на гадење. Повеќе од двајца, според кривичниот законик е злосторничко здружување, така што го повикувам обвинителството веднаш да постапи затоа што ќе даде лош пример, а ќе даде лош пример во насока на обесхрабрување на граѓаните бидејќи нема правда во оваа држава, ако тоа може да го прават на најголемата политичка партија во Македонија и ако тоа може да го прават на идниот градоначалник на таа општина станува збор за општина Прилеп каде што Борче Јовчевски убедливо победи, би рекол 2 спрема 1 наспроти неговиот политички противник кандидат за градоначалник, тогаш како ние граѓаните можеме да се чувствуваме безбедни, кога истите тие што треба да се грижат за нашата безбедност всушност ја загрозуваат нашата безбедност. на ова мора да му дојде крајот и затоа го повикувам обвинителството веднаш да постапи според овие индиции“, нагласи Мицкоски.
Ново на Сител
-

Излегувањето на Груби од куќен притвор поздравено со огномет, бакљи и петарди, тој се оградува: „Не го организирав јас“
-

Клековски наредната недела ќе има средба со повредените од пожарот во „Пулс“ за нивното понатамошно лекување
-

Убиецот на Тупак осуден на 40 години затвор
-

Пилот шест часа летал за да го ‘нацрта’ познатиот ‘Крик’ – 250.000 луѓе го следеле подвигот на Flightradar24
-

Светот е далеку од исполнување на целта за запирање на уништувањето на шумите до 2030 година
-

Ѓорѓиевски: Продолжува акцијата за чистење на Скопје на повеќе од 50 локации
-

Трамп: На „нашиот“ Гренланд се подготвува обемно истражување на нафта, гас и минерали
-

Денеска се слави Покровот на Пресвета Богородица
