Мицкоски: Македонците кои живеат во Србија се чесни и домаќини луѓе
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска е во посета на општина Лесковац во Република Србија на средба со македонската заедница која живее таму, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски на средбата посочил дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која се грижи за македонското национално единство и води грижа за сите Македонци без разлика каде и да живеат.
-Овој ден е многу значаен бидејќи ние како политичка партија ВМРО-ДПМНЕ сме партија која се грижи за македонското национално единство. Така и се вика нашата партија. Така што ние како партија водиме грижа за сите Македонци секаде во светот. Тоа е фини луѓе и домаќини кои ги почитуваат државите во кои живеат, а нивната држава Македонија и ВМРО-ДПМНЕ како партија, секогаш се грижела, се грижи и ќе се грижи во иднина, посочил Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакнал дека му е чест што овие деца можат да учат на македонски јазик и потенцирал дека на тој начин нема да го заборават нивниот мајчин јазик и корењата од каде потекнуваат.
-Нас ни е задоволство што овие деца можат да учат македонски јазик и да не го заборават да се сетат за нивните корени и да знаат од каде потекнуваат, кој се и што се, но и секако во иднина да продолжат да ја почитуваат државата во која живеат, а тоа е секако Република Србија, но да не заборават дека нивната татковина е Македонија, истакнал Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му се заблагодарил на градоначалникот на општина Лесковац за гостопримството, информирајќи го дека продолжува со посетата и со средба на македонската заедница во населеното место Јабука, во општина Панчево.
-Голема благодарност за нашиот домаќин градоначалникот во општината Лесковац, голема благодарност за македонската заедница овде во Лесковац. Ние денеска продолжуваме со посета и во Јабука, во општина Панчево таму повторно ќе се сретнеме со Македонците кои живеат овде во Србија, нагласил тој.
На крај Мицкоски упатил порака дека Македонците и Србите треба да продолжат да живеат и да се почитуваат, како и дека се надева на одлична соработка со сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ, Српската напредна странка која што е владејачка партија во Србија.
-Мојата порака е дека двата братски народи македонскиот и српскиот треба да продолжат да живеат заедно, да се почитуваат и да се негуваат релациите меѓу двете држави Србија и Македонија, а ние како политичка партија ВМРО-ДПМНЕ и идна влада се надеваме на одлична соработка со нашата сестринска партија тоа е Српска напредна странка, која е владејачка партија овде во Србија, заклучил Мицкоски.
Ново на Сител
-
Уапсена раководителка во железницата на Србија во врска со несреќата на Железничката станица во Нови Сад
-
Лавров: Русија ќе ги прекине непријателствата кога ќе го добие она што го сака во преговорите
-
За една недела санкционирани 149 непрописно паркирани возила во Општина Центар
-
Викендов 718 казни за брзо возење
-
ЕУ: Меѓународната заедница треба да се фокусира на постигнување сеопфатен, праведен и траен мир во Украина
-
Ја тепал па ја силувал во автомобилот на татко му, 37 годишен скопјанец осомничен за силување
-
Макрон му честиташе на Мерц: Порешителен од кога било за заедно да правиме големи работи
-
Анчелоти: Реал во одлична форма му пристапува на најважниот дел од сезоната