Мицкоски: Mакедонија има прекрасни места за летување aко ЕЕС-системот претставува проблем

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека имаат одредени разговори во рамките на ЕУ за надминување на метежот што се создава со примената на ЕЕС-системот за влез во земјите од Унијата. Но, додава ако тоа не се надмине и летните годишни одмори претставуваат проблем, тогаш, сите ние, како што рече, би можеле да ги поминеме на прекрасните места што ги има Македонија.
- Јас не би коментирал премногу за тој начин на однесување. Имаме одредени разговари во рамките на ЕУ како би се надминало тоа. Но, ако претствуваат проблем летните годишни одмори, имаме прекрасни езера, планини, имаме прекрасни места во Македонија. Јас ги повикувам македонските граѓани своите летни годишни одмори да ги поминат на македонските планини и езера, во македонските села, затоа што имаме прекрасна земја и самите треба да си ја чуваме затоа што втора резервна татковина немаме - рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по панихидата одржана по повод 123-годишнината од загинувањето на Гоце Делчев.
Прашањето со примената на ЕЕС-сисмемот во земјата стана актуелно откако од 1 април почна целосно да се спроведува и за празниците се формираа долги колони на македонско-грчката граница, каде што се чека и по неколку часа.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на ССК
-

Преговорите за Изборниот законик пред пропаст
-

Нов внатрешен судир ја тресе СДСМ
-

Анкета: Голем број граѓани поддржуваат да се ограничи пушењето цигари на јавни места
-

Европските либерали изгласаа итна резолуција против историските вета и малтретирањата на ЕУ-границите
-

Експерти: Насилството меѓу малолетниците станува брутално
-

Од утре се очекува зголемување на цените на бензинот и дизелот
-

СДСМ нема да го поддржи ребалансот на буџетот
