Мицкоски: На Комплексот клиники „Мајка Тереза“ пуштени во употреба шест комплетно реновирани операциони сали

На Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје денеска се пуштени во употреба шест операциони сали кои се дел од проектот за реконструкција на вкупно 10 операциони сали во вкупна вредност од 282 милиони денари. Реконструираните сали се на Оддел за трауматологија при клиниката за ТОАРИЛУЦ, две на Клиниката за урологија и две на Клиниката за детска хирургија.
- Ќе добиеме оперативен блок со светски стандарди така што нашите млади доктори специјализанти кои ги праќаме на обука во странство ќе може да работат во истите услови во кои работат светските доктри. Тоа значи дека се качуваме со новите методи, апаратури и оперативни сали на ниво на светската мапа на здравствениот систем, изјави директорот на ТОАРИЛУЦ, Игор Мерџановски.
Посочи дека реконструкцијата се реализира во два дела со цел да не запре пружањето на здравствена заштита во терцијалното здравство и да нема притисок врз листите за чекање.
Премиерот Христијан Мицкоски, кој заедно со министерот за здравство Азир Алиу присуствуваше на свечното пуштање на салите, најави дека за неколку месеци ќе треба да бидат пуштени и останатите четири операциони сали, а на почетокот на летото се надева дека ќе се заврши и проектот во Болницата „8 Септември“.
-За неколку месеци отсега треба да бидат пуштени уште четири сали така што го закружуваме процесот од 10 современи модерни операциони сали. Од почетокот на летото се надевам дека ќе бидеме во можност да видиме уште еден завршен проект во болницата „8 Септември“ каде исто така ќе имаме модерни сали и со тоа ќе бидеме практично држава број еден во регионот кога станува збор за ваков тип на операциони сали. Во здравството има многу работи што треба да се прават, но потребни се и фундаментални промени како во менталитетот на политичарите, така и во менталитетот на вработените. Здравството е еден од врвните проритети на Владата, рече Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Талентите на ФК Водно блеснаа во Шпанија, генерации 2013 и 2015 шампиони на “Овиедо Куп“
-

Речиси една петтина од француските бензински пумпи останаа без гориво
-

ДЗР: Низок процент на опфат на скрининзите за рак на дојка и матка
-

Герасимовски: Почна реконструкцијата на улицата „Ленинова“, воведен привремен режим на сообраќај
-

Апелација ја укина двегодишната казна затвор за Лидија Димова
-

Голема полициска акција на МВР за трговија со кокаин, претреси на 15 локации
-

Цената на нафтата расте додека се приближува рокот за ултиматум на Трамп кон Иран
-

Приведен 22-годишен скопјанец, му нашле производи без документација
