Мицкоски: Не прифаќаме никаков договор под бугарски диктат, потребни се избори
Нашата порака е јасна, ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати никаков договор што ќе биде под бугарски диктат. Тоа е основната и суштинската порака која што овде во Брисел ја пренесовме и ќе продолжиме да ја пренесуваме, а која што се темели на нашите факти и аргументи, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Брисел.
Делегацијата од ВМРО-ДПМНЕ, во чиј состав се и потпретседателите Тимчо Муцунски и Алексанадр Николоски, како што информираат од партијата, е во Брисел за да оствари неколку средби со високи претставници на ЕУ.
-Денеска имавме средба и со господинот Манфред Вебер. кој што е и претседател на Европската Народна партија, семејство во кое што е член и ВМРО-ДПМНЕ. Главната цел овде во Брисел на делегацијата која што ја предводам на ВМРО-ДПМНЕ е да ги презентира своите позиции, аргументи и ставови поврзани со проблемот кој што го создаде владата на ДУИ подржана од СДСМ, рече Мицкоски.

Нашите членови на македонската влада, кога доаѓаат во Брисел, ние, како што рече, мислиме работат за државата, а тие покрај тоа што го уживаат комфортот на своите функции, единствената работа и цел им е да ја кодошат опозицијата овде во Брисел и да барат од луѓето од Брисел да вршеле притисок врз ВМРО-ДПМНЕ, да прифати договор кој што ниту го преговарала, ниту учествувала во него, а предупредила дека нема намера да го прифати.
- Тоа е единствената работа која што официјалните лица на владата на ДУИ подржана од СДСМ го прави овде, ја кодошат опозицијата и уживаат во привилегиите кои што им ги носат функциите, рече Мицкоски.
Втора работа што ја пренесуваме на состаноците, како што нагласи, тоа е избори во Македонија час поскоро за да може притисокот кој што се чувствува во општеството поради оваа неспособна влада, која што е полна со криминал и корупција да биде ослободен.
- На дневно ниво ние сведочиме за коруптивни скандали коишто неколку фамилии кои што управуваат со овие две партии ги нижат во Македонија и дополнително го разочаруваат народот. Затоа се потребни избори за да дојде една легитимна влада која што е избрана од народот, а не поставена како оваа влада на Ковачевски. Влада која што ќе се бори за повеќе успеси за македонските граѓани, за повеќе пари за македонските граѓани, за подобар стандард, за повеќе инвестиции и реформи, за поквалитетно здравство и она кое што е најважно борба со криминалот и корупцијата, изјави Мицкоски.
Ново на Сител
-

Вештак на судењето за „Пулс“: Дискотеката имала три влезови и излези, но не за евакуација
-

Ѓорѓиевски: Нов лик, подобри услови и поголема грижа - ЗОО Скопје се менува
-

Приведени осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“
-

Маск: На секое дете во Америка ќе му подарам по една акција од SpaceX – подарок вреден 10 милијарди долари
-

Мицкоски: Цените на храната и пијалоците во Македонија се меѓу најниските во регионот, потврди Евростат
-

Заврши петтото издание на „Wine Vision by Open Balkan“: Белград три дена во знакот на виното, ракијата и гастрономијата
-

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат – нови цени на горивата од полноќ
-

Во Албанија продолжуваат протестите, ЕУ бара одговорност
