Македонија
30. October 2024 - 13:07

Мицкоски: Нема да го менуваме уставот додека не добиеме јасни гаранции

Премиерот Мицкоски посакува неговиот предлог за уставни измени со одложено дејство да добие поддршка од сите политички партии, но тоа нема да значи дека земјава унилатерално би влегла во процесот на уставни измени. 

Премиерот вели дека Владата не е толку наивна и дека нема да презема било какви чекори пред за тоа да добие јасни сигнали и од Софија и од Брисел дека процесот на интеграција ќе има јасен крај.