Мицкоски: Нема да ја повторувам како папагал придавката
Повторно запрашан за ставовите на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис околу спроведувањето и почитувањето на Преспанскиот договор, Мицкоски по добивањето на мандатот за состав на новата влада изјави:
- Како човек што ќе ја предводи Владата, обврзан сум да ги почитувам законит и Уставот и тука сум немал дилема, ниту ќе имам, се додека овие закони и ваквиот Устав се на сила. Преспанскиот договор е дел од Уставот и законите. Не можете да барате да барате да се почитува, а од друга страна да се крши. Од друга страна, очекувам да се градат добрососедски односи кои доликуваат на 21. век. Немам намера талибански да се однесува, ниту некој талибански да се однесува, рече денеска идниот премиер.
Вели дека можеби е добро да се аргументираат позициите пред НАТО Самитот во јули. Побара од јавноста да не очекува дека „како папагал ќе ја употребувам придавката северна, а позади завесата да ве ограбувам“.
- Ќе ме видите заедно со вас на улиците, од Чаир до Тетово, преку Дебар, Струга, Велес, па се до Делчево. Зошто би стравувал? Ерга омнес го користиме. Членот 7 и став 2 од Договорот се многу јасни. Би сакал да ги замолам медиумите во Македонија малку повеќе да посветат внимание во анализа што има нашиот јужен сосед исполнето од Договорот, а помалку да биде провокација моето човеково загарантирана право со многу конвенции на употреба на терминот Македонија, која е моја татковина каде што сум се родил. Што направија тие за овие шест години? Ајде да видиме што правеа во минатото? Што требаше ние да добиеме во минатото кога се менуваше знамето и банкнотите? Кога се користеше понижувачкото име, кога се случуваше интервенцијата на НАТО против режимот на Милошевиќ во 1999 година, кој беше лојален сојузник, а кој забрануваше прелети?, рече Мицкоски запрашан дали ќе предизвика влошување на односите доколку го користи уставното име само кога мора, а во други случаи ќе го употребува името Македонија.
Ново на Сител
-
42 годишна мајка ја подведувала малолетната ќерка на проституција во Свети Николе
-
МВР набави нова машина за печатење лични документи која тројно ќе го зголеми капацитетот
-
Мицкоски: Очекувам добар резултат од преговорите со банките за унгарскиот кредит наменет за компаниите
-
Мицкоски: Потенцијална инвестиција од една милијарда евра во когенеративна гасна постројка
-
Продолжување на судењето на Урош Блажиќ за масовното убиство во Дубона и Малo Орашје
-
Кривична за помошник министер во Центарот за обука - Оштетен буџетот на МВР за 189.777 денари
-
Љутков: Работни групи работат на случајот со Универзалната сала
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје