Мицкоски - Норман: Извештајот на ЕК нотира дека нема борба против криминалот
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и канадскиот амбасадор во земјава Гилес Норман, на денешната средба зборуваа на сите актуелни општествено – политички прашања, информираат од најголемата опозициска партија.
- Претседателот со жалење констатира дека Извештајот на ЕК го потенцира сето она што ВМРО-ДПМНЕ го зборува со години наназад, а тоа е дека Македонија тоне во корупција, нема борба против криминалот, и оти власта практично е фасилитатор, наместо да ги санкционира таквите појави, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму, информираат дека Мицкоски ја истакнал посветеност на ВМРО-ДПМНЕ за влез на државата во ЕУ, на база на рамноправност и почитување на принципите, а не, како што велат од партијата, на диктати.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се заблагодарил на поддршката која ја добиваме од Канада како држава, но и изразил надеж дека тоа ќе продолжи и во иднина.
Ново на Сител
-
Состојба на патиштата
-
Министерствата за животна средина и за енергетика ќе објават детали за иницијативата за подобрување на квалитетот на воздухот
-
Облачно и студено со врнежи од дожд и снег
-
Галичник недостапен за новогодишните празници, снегот од патот неисчистен
-
Пандев спортски директор на националните селекции, Најдоски и Ибраими советници на Омерагиќ
-
Десетици илјади на протести во Белград и во Ниш
-
Без струја утре делови од Аеродром, Сарај и Кисела Вода
-
Традицијата продолжува, блесна новогодишната елка под вода