Мицкоски: Образованието ќе биде еден од врвните приоритети, треба да се зголеми бројот на научни трудови

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека образованието ќе биде еден од врвните приоритет за оваа година, и оти ако сакаме да бидеме во првите илјада на Шангајската листа на универзитети треба да се зголеми бројот на научно-истражувачки трудови.
-Без квалитетно образование и без квалитетна наука не можеме да јакнеме ниту како нација ниту како држава. и во име на тоа ги зголемуваме средствата кои се за поддршка на научно-истражувачките проекти. Ако започнавме со една состојба од 340 милиони денари во 2023, веќе во 2024 и 2025 се доближивме до ставката од 680 милиони денари, за да сега веќе за следната година имаме над 770 милиони денари токму за ова, рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посета на Кочани.
Според него, тоа не е доволно, но е многу повеќе отколку состојбата што ја затекнале.
-Очекувам во годините коишто следат и со измените во Законот за високо образование во коишто моите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови што ќе бидат објавувани во списанија со фактор на влијание и што ќе бидат дел од базата на Томсон Ројтерс. Направивме една анализа којашто не води кон тоа дека ако сакаме да имаме универзитет којшто ќе биде во првите илјада на Шангајската листа мораме меѓу осум и десет пати да го зголемиме бројот на научни трудови кои како држава и универзитети треба да ги објавуваме во научни списанија со фактор на влијание, а се дел од базата на Томсон Ројтерс или позната како Веб оф сајенс, нагласи Мицкоски.
Премиерот истакна дека со последните зголемувања прилично се достоинствени примањата на редовните професори, на вонредните, доцентите и асистентите, и оти сега треба да се посветиме на науката.
МИА
Ново на Сител
-

Тошковски: Целта на „Безбеден град“ не е да казнува, туку да спаси човечки животи
-

Кузмановски: Мора да бидеме задоволни, иако посакувавме повисока победа
-

Со звукот на сирената Македонија ја совлада Романија на ЕП
-

Јанукович осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште
-

Македонските ракометари со предност од четири голови разлика на полувреме против Романците
-

Продолжи судењето против таткото на Васил Јованов, одбраната со забелешки за изведувањето на доказите
-

Пронајден возачот кој се снима како вози 293 км/ч и се фали на социјалните мрежи
-

Утре облачно со повремени локални врнежи од снег
