Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари

Очекуваме на следната седница Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) да се донесе одлука со која ќе имаме намалување на цената на дизелот за 2,5 денари, а на бенизните Еуросупер 95 и Еуросупер 98 за 1,5 денари, рече денеска на прес-конференција премиерот Христијан Мицксоки.
Како што посочи, максималната цена за Еуросупер 95 ќе биде 82 денари за литар, 84 денари на Еуросупер 98, а на дизелот 95,5 денари за литар, без попустите од ОКТА од 2 денара за бензините односно 3 денари за дизелот.
Очекувањата за одлуката на РКЕ, како што појасни, е врз основа направната анализа на движењата на цените на нафтата и нафтените деривати на берзите во изминатата недела.
- Остануваме и следната недела на мерките со намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти и одлуката за усогласување на акцизите, со која РКЕ може да постапува. Остануваме и понатаму држава која навремено и сигурно ги обезбедува сите количини на нафта и нафтени деривати за граѓаните и бизнисите, рече Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
-

Питачењето како феномен за кој се бара решение
-

Недостиг од кадар во угостителкиот сектор
