Мицкоски од Василево: Во општината ќе инвестираме шест милиони евра

Сакаме да инвестираме во општината Василево минимум 6 милиони евра, размислувавме и дебатиравме и сумиравме неколку проекти кои ќе бидат важни за населението, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната средба со граѓаните во Василево во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависи“.
Претседателот Мицкоски се осврна на проектите кои се планирани, но рече дека дополнително ќе се планираат и реализираат и други проекти. Мицкоски информираше кои се планираните проекти.
„Тоа се фекални канализации кои се многу значајни во населените места Градошорци, Василево, потоа Радичево, Ангелци, потоа атмосферска или крак од атмосферска канализација во населено место Пиперево, потоа во Добрашинци реконструкција на филтер станицата, реконструкција на ова прекрасно училиште овде Гоце Делчев во Василево, нова месна заедница во Ангелци, нов пат во Нова маала до гробиштата, нов пат овде Василево од Културниот дом до 11 Септември, и ќе ми простат ако некој од проектите ги испуштив“, рече Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде „гледав генерално да ги споменам сите, но списокот не е затворен“.
„Мислам дека со ваква инвестиција ќе се направи голем исчекор во квалитетот на живот на населението“, кажа Мицкоски.
На крајот на средбата со граѓаните тој им порача:
„Овој пат не смее да ја испуштиме шансата за мобилизација околу ВМРО-ДПМНЕ, да не бидеме манипулирани. До секој глас е! По историската победа на локалните, сега сме пред две историски победи на парламентарните и претседателските избори. Од денеска сум посреќен зошто сме поблиску до историска победа а потоа заеднички со вас да испишеме историја“, кажа Мицкоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Техеран и САД имаат различни мислења за укинување на санкциите, тврди ирански официјален претставник
-

САД за прв пат транспортираа нуклеарен микрореактор од Калифорнија до Јута
-

Две угинати ретки птици мршојадци пронајдени во Кавадаречко, дадени на обдукција
-

Арапските земји ја осудија изјавата на американскиот амбасадор за правото на Израел
-

Полицајка го загуби животот, а 15 лица се повредени во експлозии во украинскиот град Лавов
-

Пакистан нападна талибански бази во Авганистан
-

Последен ден на ЗОИ2026, Норвешка со најмногу медали
-

Пет тела на мигранти пронајдени на брегот источно од Триполи
