Мицкоски: Ова е црн петок за Македонија
Денеска е црн петок , најцрн ден во историјата на Македонија , рече лидерот на ВМРО – ДПМНЕ , Христијан Мицкоски на прес конференција по изгласувањето на потребата од донесување на Уставните измени.
Денот се претвори во лов на пратеници, рече Мицкоски. За седумтемина пратеници , кои гласаа за , Мицкоски рече дека по вонредната седница на Иззвршниот комитет било решено Крсто Мукоски, Елизабета Канчевска-Милевска, Емилија Александрова, Љубен Арнудов, Зекир Рамчимовиќ,Нола Исмајловска Старова и Сашо Василевски да се исклучат од партијата.
,,Јас како човек не можам да ги оправдам, но тоа не е важно. Како ќе ги оправдаат семејствата, татковината, нивната постапка. Знам дека дел од нив се соочуваат со сериозни обвиненија, пред се од СЈО, но обврската на пратеникот е поголема од било која закана.” , рече Мицкоски.
,,Овие седум пратеници , кои постапија спротивно од партискиот став , кој беше едногласно донесен , ме разочараа мене , а ја разочараа и партијата и татковината и со тоа ќе треба да живеат.”.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ