Мицкоски: Папазов веднаш почна со работа - реализација на нова улица од 1км во Кочани и реконструкција на канализација во Грдовци
Денеска сме овде во Кочани, продолжуваме со теренските активности кои што ги започнавме веднаш по преземањето на позициите на новите градоначалници од нивните претходници.
Како што кажа градоначалникот Папазов овде денеска промовираме или ја надзираме работата на три клучни проекти за општина Кочани. Првиот е како што кажа дел од фекалната канализација за село Тркање, кое што понатаму треба да се приклучи на колекторот во село Мојанци.
Понатаму завршните работи на нова би рекол широка 8 метарска и долга еден километар улица „Роза Петрова“ во самиот град Кочани и овде во Грдовци каде што се заменува практично цевководот од 1973 година со нов цевковод во должина поголема од два километра, што се користи понатаму за водоснабдување на општина Кочани.
Активности кои што во значителна мера ќе го подобрат квалитетот на живот во самиот град Кочани и ценам дека она кое што сме го ветиле, она за кое што се обврзале и она кое што е корисно за граѓаните, а сме го наследиле, или го наследиле градоначалниците од нивните претходници ќе го довршиме и надградиме со нови проекти со кои што сме излегле во време на кампањата на овие локални избори.
Јас сум би рекол прилично задоволен од овој почеток за нешто помалку од два месеци се направија многу работи онаму каде што бев.
Продолжувам со посетите низ Македонија, продолжувам со посета на градилиштата во општините каде што се градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Се надевам дека ќе продолжат онака како што започнаа и помалку ќе зборуваме, а повеќе ќе работиме.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Времен режим на автопатот Скопје - Куманово кај Миладиновци
-
АХВ: Ќе се уништува свинското месо од Грција чиј шверц беше спречен
-
Голем шумски пожар во струшко, во гаснењето вклучен хеликоптер на МВР
-
Угинати риби во Брегалница, извршен инспекциски надзор
-
АХВ: Времено затворена гостилница во Влае по пријавата за затруени лица
-
АХВ: Времено затворена гостилница во Влае по пријава за 4 затруени лица
-
Поскок касна велешанец
-
Приведен жител на неготинско село, сопругата го пријавила дека физички ја нападнал