Мицкоски побара формирање техничка Влада во февруари или март и предвремени избори во мај или јуни
Во февруари или март да се формира техничка влада, a во мај или јуни да се одржат предвремени парламентарни избори, побара на денешната прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Според него, предвремените парламентарни избори се единствено решение за излез од, како што рече, сеопштата криза во државава.
– Предвремените избори не се секогаш најдоброто решение, но во состојба кога е јасно дека постојат сериозни проблеми, кога нема начин ниту пак било каква шанса оваа Влада нешто да промени, кога генерации повторно се оставени конечно да чекаат пред портите на ЕУ, предвремените парламентарни избори се единственото решение за излез од оваа политичка, економска, енергетска, дипломатска, сеопшта криза во државава, рече Мицкоски.
Тој оцени дека во земјава е потребен „нов импулс, нова сила за реформи, една заедничка платформа, обединување околу нов договор со народот, за работите кои му се важни на народот“.
– Ова е отворен апел до власта за брзи избори, како единствено решение за излез од политичката и економска криза и наша обврска за борба за нова иднина кон која сите заедно се имаме обврзано. Воедно барам и општествена поддршка на поединци и општествени групи да го поддржат овој наш предлог за избори, да не губиме ниту месец повеќе, затоа што така ќе направиме и општествена мобилизација, силен активизам, додаде Мицкоски.
Ново на Сител
-

Николоски: Лидерската средба е доброволен чин, ако СДСМ сака сама да се изолира, не можеме ништо да сториме
-

МФ: Успешно реализирано издавањето на 10. Еврообврзница - силна доверба од меѓународните инвеститори
-

Ѓорѓиевски: Почна површинското чистење на депонијата Вардариште, следува процес на одгасување
-

Различни бројки за загинати во Иран
-

Сите гранични премини на Србија кон Шенген ќе бидат блокирани на 26 јануари, превозниците бараат ревизија на EES
-

Средба Муцунски - Ѓорѓиевски: Унапредување на соработката на домашните компании со ДКП
-

Лазаров: Сакаме да одиме во втората рунда, сите го сакаат тоа
-

Украинскиот парламент не ги одобри министрите за одбрана и за енергетика
