Мицкоски: Редно време е политичарите да ги облечат чизмите, да ги засукаат ракавите и да почнат да работат
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска ја посети Гази Баба каде во Страчинци започна изградба на фекална канализација за 170 приклучоци и пречистителна станица. Проектот вреден над 5 милиони денари во првата фаза е потпишан од новиот градоначалник на Гази Баба, Бобан Стефковски.
- Ќе бидеме на терен да ги исполнуваме дадените ветувања, вчера бевме во Кисела Вода, сега во Гази баба. нема да критикуваме повеќе и да бараме изговори. Денеска сме овде во Страчинци. Градоначалникот започнува да го исполнува тоа што е ветено пред изборите. Доста од политичари во кожни фотелји со скапи црни коли со многу обезбедување , протоколи и церемонии, редно време е политичарите да ги облечат чизмите да ги засукаат ракавите и да се зафатат за работа политичарот треба да е слуга на народот, а не да биде над облаците и над народот. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ и новата генерацијата она што го промовира, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата
-
Животот како пред еден век
-
Мирен изборен ден
-
Ковачевски на митинг испрати пораки до Ахмети
-
27 Април да не се повтори
-
ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти
-
Претседателски избори
-
Министерот Тошковски пречекан со „ Бисер Балкански“ од новите полициски службеници