Мицкоски: СДСМ го призна поразот уште пред изборите со предложените градоначалници во Прилеп и Битола
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција рече дека предложените кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ се оние градоначалници кои се неуспешни, но не сакаше подетално да коментира, па се осврна на градоначалниците од пелагониските општини.
- Она што мене најмногу ме допре и предизвика кај мене внимание се градоначалниците од поголемите пелагониски општини, пред се Битола и Прилеп. Таму СДСМ го призна поразот уште пред да започнат изборите. Во Прилеп кандидираше транзиционен политичар којшто можеби е единствен кој може да и конкурира на Радмила Шеќеринска на политичката сцена, малку пратеник, малку беше координатор на пратеничка група, малку министер, па малку в.д. директор, па сега сака малку да биде градоначалник, но мислам дека прилепчани овојпат ќе стават крај на неговата политичка кариера и ќе може да се посвети заедно со неговите другарчиња во рестораните каде што бога ми има основано сомневање дека се случуваат противзаконски работи. Втората личност која вчера ја понудија, не само што не е конкурентна и не е достојна за тој град каде ја понудија тие со тоа си потпишаа пораз и за следните 4 години, бидејќи стравува отсуството на квалитет кадровски во СДСМ па ќе мораат да одат со крајно корумпирани и сомнителни бизнис ликови од средините од каде што ги кандидираат, изјави Мицкоски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет