Мицкоски: Сметките за струја се високи не затоа што нема јаглен, туку затоа што се краде многу
Во централниот дневник на Сител телевизија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски укажа дека сметките за струја се високи не затоа што нема јаглен, туку затоа што се краде многу.
„Пролетта 2021 година јас лично преудпредив и понудив пакет што треба да прават од власта. И не треба да имате план преголем туку треба само да знаете да работите и да работите чесно. Еве ќе ви дадам неколку бројки, ако ние произведуваме како што произведувавме пред 7-8 или 9 години електрична енергија, а имаме можности за тоа немаше да додје до ова. Зошто? Затоа што сме произведувале 6.5 – 6.7 терават часови струја сега минатата година добив информација за 2021 година е под 3 терават часови струја“, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде таму има многу крадење и затоа Македонија е доведена во оваа ситуација. Има многу недомаќинско работење.
„Многу крадење. Ако не се крадеше толку и ако се работеше домаќински наместо да се делат провизи за мазути, наместо да се делат договори во четири очи за ископ на јаглен, а никогаш тој јаглен да не се ископа каде што денот трае 35-36 саати наместо 24, или наместо 365 дена во годината има 500 дена, тогаш ќе имавме јаглен и ќе произведувавме толку што е потребно за граѓаните и немаше да го почувствуваме ова“, појасни Мицкоски.
Мицкоски посочи дека има многу лоповлук и многу неспособност во оваа власт.
Ново на Сител
-

АХВ: Утврдени манипулации во декларираните проценти на млечни масти во преработки од млеко
-

Историјат на празникот Педесетница
-

Вицепремиерот Николоски во посета на Могила и Новаци
-

Покрената истрага и побаран притвор за возачот кој учествуваше во сообраќајката во Скопје во која загина мотоциклист
-

Арсенал постави негативен рекорд за додавања во првото полувреме во финалето на ЛШ
-

Француската полиција приведе 326 лица по победата на ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите
-

Трамп: САД и Иран наскоро може да постигнат мировен договор
-

Меѓународна еко-акција за чистење на Охридското Езеро во Калишта
