Мицкоски: Со измените на Кривичниот законик власта се подготвува за опозиција
Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ има намера сериозно да ги истражи сите основани сомненија за сторен криминал изминатите шест години и да ги изведе пред лицето на правдата политичките криминалци, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Свети Николе, кој даде коментар за измените на Кривичниот законик, за кои позицијата тврди дека е следење на европската регулатива. Смета дека власта се подготвува за во опозиција и како што вели сакаат да бидат амнестирани за криминалот што го направиле изминатите години.
-Но мојата порака до нив и до сите оние кои што се надеваат дека на овој начин се спасиле, од било која власт, повторувам, од било која власт, се лажат. Едно е политичкиот прогон и политичките случаи друго е евидентниот криминал кој што се случува изминативе шест години. Така што неколку пати повторивме и со златно знаме да го изгласаат идната влада на ВМРО-ДПМНЕ има намера многу сериозно да ги истражи сите основани сомненија за сторен криминал изминатите шест години и да ги изведе пред лицето на правдата политичките криминалци кои што на маката на народот се богателе изминатите шест години. Така што нема каде да се сокријат ако мислат дека на овој начин ќе бидат амнестирани за злоделата и криминалот што го правеа изминатите шест години, рече Мицкоски.
Што се однесува за случајот Онкологија, смета дека СДСМ и ДУИ сакаат како што вели да го заташкаат случајот.
-Во дебатата во Парламентот вчера може да се слушнат разни испади од страна на пратеници кои доаѓаат од владејачкото мнозинство. Таа мачнина која секој од нас ја чувствува за тоа што се случувало на клиниката за Онкологија, а која е резултат на медицински лица кои се блиски до владејачките партии СДС и ДУИ, а владата гледа на секој начин овој криминал да го заташка, изјави Мицкоски.
Мицкоски истакна дека власта смета ако го заташка случајот на тој начин ќе се спасат себе си и ќе ги спасат сторителите на овој криминал, но им порача дека по промената на власта сите кои учествувале во криминалот ќе одговараат.
- Како што и претходно кажав, истото важи за овие медицинско политички криминалци кои профитирале на здравјето на граѓаните, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ, многу посериозно ќе се занимава со овој скандал и давам збор дека тие кои го направиле сето ова ќе бидат процесуирани пред органите кои се за тоа задолжени, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-

Нападната екипа на ТППЕ во Куманово, полицијата приведе две лица
-

Кривична за поранешен директор и три лица во јавно претпријатие во Кочани за злоупотреба на службената положба
-

Приведени 15 возачи поради возење без возачка, со активна забрана за управување од нив една малолетничка
-

ОН ја повикаа Русија да ги запре нападите врз енергетската инфраструктура на Украина
-

Tрамвај излета од шините во Сараево, една жена загина, неколкумина се повредени
-

Родителите на жртвите од Кран-Монтана пред зградата на обвинителството се соочија со брачната двојка Морети
-

Ограбено финансиско друштво во Аеродром: Украдени сефови, пари, мобилни телефони и други предмети
-

72-годишна жена паднала од автобус, па била прегазена
