Мицкоски: Спорниот закон за наставниците на мала врата овозможува груба партизација во образованието
Во вечерашното гостување на Сител телевизија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека спорниот закон за наставниците на мала врата овозможува груба партизацијаво образованието, а за повисоки плати треба владата само да го почитува колективниот договор.
„Суштински се две работи, првата велат ќе ги зголемуваат платите, платите се регулираат со колективните договори, се останато е ветер и магла, имаме колективен договор излегов на прес конференција, направив симулација според кои параметри споредено со новата минимална плата треба да се нивилираат платите на вработените во градинките, основните и средните училишта, еве на први март платните листови нека ги нивилира министерот за финансии и министерот за образование ние ќе го поддржиме тоа“, нагласи Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски додаде и дека СДСМ не ја говори вистината и на мала врата се обидува да протне неквалитет и партизација на образованието.
„Тоа што не ја говорат вистината. Втората работа ако гледаме тесно партиски нас ни одговара, најголемиот дел од општините се раководени со кадри од ВМРО-ДПМНЕ но суштината е што сакаат да протнат на мала врата не квалитет, неквалитет тоа е најголемиот проблем, се укинува приправничкиот стаж, суштината е, јас доаѓам од образованието и сум го говорел тоа во неколку интервјуа сум го говорел, дека образованието е основниот столб во државата и ние не смееме да го потценуваме образованието и да си играме реформи, ако гледаме тесно партиски утре ќе го поминеме законот ќе се вработат како тоа што го прави СДСМ и поранешната министерка и Зоран Заев по партиски списоци и завршена работа. Но ние сакаме тоа да го смениме. Затоа сме ние тука да покажеме разлика. Околу платите, веднаш да го применат колективниот договор и еве ние ќе им честитаме и ќе ги поддржиме. Веднаш да го применат“, нагласи Мицкоски.
Ново на Сител
-
Ќе има ли јагнешко за Велигден и по која цена?
-
Tема на денот со Михајло Лахтов, експерт за медиуми
-
Загрижувачки пораст на респираторните заболувања - околу 1000 случаи годишно со рак на белите дробови
-
Кој краде на Клиниката за онкологија – Два инциденти за 6 дена
-
Судењето за убиството на Вања продолжи со испрашување на таткото
-
Коалицијата „Вреди“ ги пегла разликите
-
Бока: Интеграцијата на Македонија во ЕУ е незавршен процес
-
Опозицијата контра именувањето на Богојески, за власта битна ќе е неговата работа, а не коментари