Мицкоски: Сведоци сме на една циркуска претстава и жалам што народот е сведок на ова

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека ќе чекаат до полноќ да се појави пратеникот Кастриот Реџепи од БЕСА, за кога и истекува крајниот рок за гласање доверба на владата.
„Се координирав со пратеничката група и ако се потврди уште еднаш трговијата со пратеници, се наметнува прашањето дали вреди човек да се занимава со политика во земјава. Ако е потврдено дека Реџепи е држен против своја волја, тоа кај мене предизвикува силно чувство на гадење. Сведоци сме на една ваква циркуска претстава и жалам што народот е сведок на ова, простете што мора да бидам дел од ваков срам што ние политичарите ви го приредивме. Јас немам такви методи како што имаат СДСМ и ДУИ, да држат во заложништво пратеници и луѓе. Немам сознанија каде е Реџепи. СДСМ и ДУИ со нокти гребат само за да останат таму каде што се и не водат сметка за угледот на Собранието. Не ми паѓа на памет да преговарам. Сите кои мислат дека оваа влада е корумпирана и криминална слободно можат да се придружат“, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-

Мицкоски и трговците постигнаа договор за цените на храната
-

Тема на денот со проф. д-р Димитар Трајанов, раководител на проектот „Везилка“, прва национална фабрика за ВИ
-

Поевтинуваат горивата, Мицкоски бара маркетите веднаш да ги намалат цените на основните производи
-

Размена на ресори можна опција во владината реконструкција
-

Гаши утре на средба со бугарската колешка Доцова во Софија
-

Амандманска расправа за законите за судска и јавнообвинителска служба
-

Сите осомничени за криминалот во ФФМ се обезбедени
-

Нема решение за 50-те лица кои останаа без договори за работа на Детска клиника
