Македонија
25. March 2021 - 19:41

Мицкоски: Требаше власта наместо да трча по провизии и плажи во Дубаи и Мексико, да се бори за здравјето на граѓаните

Во вечерашното гостување во Дневникот на Сител, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се осврна на моменталната политичка ситуација во државата, лошите владини политики, како и чекорите кои граѓаните можат да ги очекуваат од ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период.

Мицкоски потенцираше дека е крајно разочаран и револтиран поради неработата и несериозноста на Владата, бидејќи наместо Заев и Филипче да се борат за вакцина повеќе за секој граѓанин, тие патуваа по егзотични места и трошеа народни пари. Тој исто така додаде дека тоа го покажува нивото на сериозност и кадарност на луѓето кои се поставени на високи функции од кои зависат огромен број на граѓани.

Република Македонија се соочува страшни и поразителни бројки на заболени и за жал починати од ковид-19 вирусот. Ваквата слика укажува на фактот дека Република Македонија не се справува добро со оваа здравствена криза, како што тоа го пласираше во јавноста Заев и неговиот миленик Филипче, истакна Мицкоски.

"Граѓаните се чувствуваат небезбедни и немаат верба во институциите. Во ова време невреме кога наши сограѓани буквално молат за вакцини и за адекватни лекови, Николовски и Рашковски заминаа да одмараат во Мексико и Дубаи и да трошат народни пари. Тажно е што сите наши сограѓани мораат да се надеваат дека овие луѓе ќе им помогнат во борбата со корона вирусот, бидејќи очигледно ним не им е важно здравјето на граѓаните, туку своите кариери и материјални придобивки", вели Мицкоски

Власта наместо да трча по провизии, требаше да се ангажира како да најде вакцини за граѓаните на Република Македонија. Но, за жал, без набавени вакцини сведочиме на огромни бројки на заболени и починати граѓани од корона вирусот. Заев и неговите соработници можат упорно да ја затскриваат својата неспособност, набедувајќи ги сите други како виновници, но граѓаните јасно гледаат дека овие луѓе не заслужуваат да ја водат државата и треба да сносат одговорност  за сите пропусти, заврши Мицкоски.