Мицкоски: Владата лаже, во Македонија оваа година ќе има два пати поголема инфлација од планираната
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостувањето во Тема на денот на Сител на одговор на прашање дали не очекува тешка зима со однос на тоа дека имаме евидентна инфлација иако Владата убедува дека не е страшна работата и дека економијата е стабилна, одговори дека Владата прави политичка естрада за потребите на локалните избори.
- Владата не ја кажува вистината, а вистината ја кажуваат институциите, НБРМ, МФ, и најважно Меѓународниот монетарен фонд предвидува дека во Македонија оваа година ќе има два пати поголема инфлација од таа која што беше претходно планирана. Нека појдат граѓаните во продавница и нека видат кои се цените оваа година споредено со артиклите колку чинеле минатата година. И брашното и лебот, и солта а и бензините, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето
-
По втор пат во една година вандализирани православните гробишта во Гостиражни
-
Стефаноска: Развојот на мирен туризам тренд во светот