Македонија
29. August 2021 - 15:06

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува Данела Арсовска за градоначалник на Град Скопје

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција изјави дека ВМРО-ДПМНЕ го поддржува идниот градоначалник на Скопје а тоа е Данела Арсовска.

- На Скопје му е потребен способен и подготвен менаџер на градот. Личност која ќе ги обедини најспособните и најкомпетентните, а тоа ќе гарантира негов развој, но исто така и влевање на сериозна надеж дека знаеме како треба да се обезбеди развојот на градот. Скопје мора да стане град на сите луѓе и секогаш во нашите одлуки се водиме пред се од интересот на сите граѓани. Одлучивме дека е потребна личност која ќе може натпартиски да обедини професионалци и комптетентни луѓе, личност која е докажан професионалец. Токму затоа, Извршниот комитет на партијата а потоа и Централниот комитет донесе одлука ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи идниот кандидат на Скопје, а тоа е Данела Арсовска. Очекуваме таа да победи, изјави Мицкоски.