Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа неуставен закон за јавно обвинителство

Дел од членовите во новиот предложен закон за јавно обвинителство се неприфатливи за ВМРО-ДПМНЕ бидејќи во неколку наврати се крши Уставот и Обвинителството го става под контрола на власта, истакна денеска на прес-конференција претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој презентираше дел од забелешките во јавноста, а тие допрва ќе бидат доставени до претставниците на СДСМ кои треба да ги разгледаат, а потоа да биде договорена средба.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека при анализата на Предлог законот партијата консултирала повеќе правни експерти кои, како што кажа, се подготвени да ги бранат забелешките.
Повторно предлагаат, рече Мицкоски, формирање на посебно обвинителство со енормно високи плати и додатоци на посебна каста на привилегирани обвинители, а на штетата на обвинителите во редовното обвинителство.
-Предлагаат закон кој што е антиуставен и во спротивност со кривичното право. Со законот се наметнува обврска на Советот на јавните обвинители да ги префрли обвинителите од СЈО во рамките на новото обвинителство за организиран криминал, што е противуставно и противзаконски, рече лидерот на ВМРО – ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Дом за кучиња на кратко, надеж за цел живот: „Лајка“ воведува привремено згрижувањена кучиња
-

Трамп ги одложи нападите врз иранските електрани - нафтата падна на 96 долари
-

Ким повторно именуван за претседател на Северна Кореја, Путин упати честитки
-

СДСМ: Мерките се задоцнети
-

Изминатите три дена 1699 сообраќајни прекршоци, уапсени 60 лица за безобѕирно управување на возило
-

Истражување: Некои бактерии можат да преживеат меѓупланетарни патувања
-

Реал го победи Атлетико во дербито на Мадрид
-

Меси го надмина Пеле по број на голови од слободен удар
