Мицкоски во Вашингтон на средба со претставници на „Македонија 2025“

Премиерот Христијан Мицкоски, кој е во посета на САД, се сретнал со претставници на организацијата „Македонија 2025“. За оваа средба, Мицкоски информираше на Фејсбук.
-Во Вашингтон, на средба со Македонија 2025, ја истакнуваме нашата посветеност кон подобра иднина. Без разлика дали сме дома, во Европа или во САД, борбата секогаш е насочена кон создавање подобри услови за живот и посигурна иднина за сите, напиша Мицкоски во објавата.
Мицкоски присуствуваше на инагуруацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Инаугуративните активности, како што објави на Фејсбук, ги следеше заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли во Вип ложата во Вашингтон.
Мицкоски во Вашингтон оствари средби и со други истакнати личности од американскиот политички, општествен и економски живот, меѓу кои Ричард Гренел, Девин Нунес, Џон Битов, Марко Галина, бизнисменот Крис Павловски, новинарот Такер Карлсон.
Ново на Сител
-

Ива Михајлова е во Бугарија, молк од институциите како ја поминала границата
-

Стартува Безбеден град во Охрид
-

СДСМ: Мицкоски објавува анкети со пад на довербата од 40% и ги убедува граѓаните дека живеат подобро
-

ВМРО-ДПМНЕ: На анкетите јасно се гледа дека Филипче има рејтинг од 3%
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
