Мицкоски: За неполни шест месеци почнати осум нови инвестиции вредни над 700 милиони евра
За неполни шест месеци се почнати осум нови инвестиции во вредност од над 700 милиони евра кои потенцијално ќе вработат околу 2 800 граѓани, рече премиерот Христијан Мицкоски по денешниот состанок на Советот на странски инвеститори.
Според примерот, инвестициите директно придонесуваат за поттикнување на економскиот раст и за локалниот екононски развој.
- Целта е годинава да стигнеме до историските една милијарда странски директни инвестиции што сметам дека е остварливо и по глава на жител да бидеме најдобри во регионот или меѓу неколкуте водечки во Европа, подвлече Мицкоски.
На состанокот со Советот, рече, се разговарало и за усогласување на глобалниот минимален данок.
- Разговаравме за единствената давачка за која во моментов размислуваме, давачката која треба да се усогласи со македонското законодавство поврзано со глобалниот корпоративен данок. Мислам дека е фер и коректно за македонските граѓани, оние компании кои тука реализираат профит, оние пет отсто повеќе од рамниот данок од десет отсто да ги уплатат во нашиот Буџет, истакна премиерот.
Тој се осврна и на домашните инвестиции. Потсети дека наскоро од денеска на македонските компании ќе им бидат ставени на располагање 250-те милиони евра од унгарскиот кредит.
Претседателот на Советот на странски инвеститори, Виктор Мизо, ги пофали институциите дека забележале прогрес во однос на идеите и забелешките што им биле дадени од страна на бизнисот во изминатиот период. И тој го спомна усогласувањето на глобалниот минимален данок, кој, рече, ќе афектира 50 компании во земјава.
- Ќе мора таа регулатива да се адаптира со глобалната, подвлече Мизо и информира дека на денешниот состанок во Владата станало збор и за усогласување на царинските стапки и дополнителната хармонизација со царините во ЕУ, за Законот за странци, за добивање работни дозволи, дозволи за престој и дигитализација на тој процес, како и за воспоставување на глобалните меѓународните сметководствени стандарди.
На состанокот биле присутни околу 50 компании од сите сектори.
Ново на Сител
-
До петок студено и ветровито време со локални врнежи од снег
-
Отфрлени обвиненијата против Алек Болдвин за убиство на снимањето на филмот „Рѓа“
-
По протестот во Тирана, во притвор седуммина граѓани, а кривични пријави за 21 пратеник и 19 претставници на партии
-
Луксембург единствена држава во ЕУ каде жените се поплатени од мажите
-
Антикорупциска нема основ за поведување постапка против директорот на АНБ, Бојан Христовски
-
Отстранети неколку диви депонии во Чаир, Карпош, Ѓорче Петров и Аеродром
-
ЦУ: Спречен шверц на злато, лекови и фотоапарати
-
Еден од двата лифта расипан во МРТВ, ред се чека 40 минути | ФОТО