Мицкоски: За оваа национална катастрофа оваа Влада не е решение, таа е проблемот
Мислам дека е логично тоа што го побарав затоа што ценам дека никогаш не било полошо во Македонија и цениме ние како партија дека дури и во една ваква лоша состојба не треба да се гледаат тесните партиски интереси туку треба да се подаде рака и да се помогне на тие кои очигледно во овој момент не може да се справат со реалнава ситуација односно со сите проблеми во Македонија, кажа во Дневникот на Сител претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
- Се чудам како пред само сто дена истиот тој се фалеше како имал неколку секунден телефонски разговор со мене на емдиуми и највуваше наша средба, стотина дена по тоа истиот тој се плаши да излезе заедно со мене на лидерска средба и да разговараме за актуелната состојба и да договориме предвремени парламентарни избори, бидејќи за оваа национална катастрофа оваа Влада не е решението, таа е проблемот. И потоа, од центарот за комуникации на СДСМ ќе видите две различни дифузни соопштенија со две различни дифузни пораки а првата е дека одбиваат било каква средба на која ќе се разговара за преедвремени избори и второто соопштение е дека јас сум се плашел од Ковачевски. Еве јас не се плашам од Ковачевски сакам да одам на средба со него, да се погледнеме во четири очи и да разговараме за проблемите реални кои се во Македонија а тој одбива. И сега кој се плаши тука? Еве јас не се плашам да излезам на избори како лидер на ВМРО-ДПМНЕ, тој како премиер и претседател на СДСМ тој бега од предвремени избори. Тоа е начинот за кој можеме да кажеме дали некој се плаши или не се плаши,додава Мицкоски.
Ново на Сител
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам
-
Преглед на вестите од светот