Мицкоски за празникот Св. Наум во посета на Попова Шапка

Традиционално денес во посета на Попова Шапка, каде се чествува празникот и делото на СВ Наум Охридски. Неговото дело ни го покажува патот дека со истрајност, добрина и работа се стига до резултати и остварување на целите, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
-Денес Македонија одново се наоѓа на крстопат каде се носи одлука за нејзината иднина. Од оваа одлука зависи дали ќе се поддржат поделбите, криминалот, корупцијата, рекетите, или правдата, принципите, промените кои ќе донесат обнова. Нема друга влада како оваа денес која толку силно е заплеткана во милионски рекет, и толку многу нејзиното водство е вклучено во криминал. За жал тие кои го правеле тој милионски рекет, денес водат држава, и тоа не смее да се дозволи повеќе. Таквите контаминирани луѓе со криминал и рекет треба да си заминат од политиката и нормално да се соочат со нивната одговорност, пишува Мицкоски во својот Фејсбук статус.
-12 април е денот кога се решава за многу работи, а јас верувам во граѓаните на Македонија и фактот дека ќе ги поразат сите неуспеси и оние кои и носат порази на нашата земја, заклучува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ние сме подготвени за разговори, со гаранции од ЕУ
-

Отворен базен во близина на „Партизан Карпош“
-

Прв џез фестивал во Струмица
-

Седум и пол години затвор за жената која ги уби сопругот и свекорот во Кратово
-

Охрид ја прослави европската титула на ГРК Охрид
-

Муртезани за Сител: Со Кошта ќе се разговара за планот за раст и Реформската агенда
-

Фетаи поднесе оставка
-

Фетаи поднесе оставка
