Мицкоски за протоколот: Дипломатски нокаут и капитулација

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на отворањето на мултифункционалниот парк кај ОУ „Наум Наумовски - Борче“, по што одговараше на новинарски прашања. На прашање што мисли за протоколот кој вчера го потпишаа Османи и Генчовска, Мицкоски вели дека е дипломатски нокаут и капитулација.
-Тој протокол ја отвори вратата за преговори на Албанија а ја подзатвори за Македонија бидејќи како што и самата Генчовска кажа вистинската меѓувладина конференција ќе се одржи после промената на Уставот, а тоа дека нема да се случи е гарант на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата бидејќи власта нема две третини во парламентот. Генчовска даде пример дека не го признаваат македонскиот јазик, дали ние реципрочно ќе одговориме дека не го признаваме бугарскиот јазик? Генчовска бара да бидат Бугарите дел од преамбулата и од нормативниот дел од уставот а истовремено бара ние да се откажеме од нашите Македонци во Бугарија. Дали е тоа реципроцитет, и можам да ви редам уште многу вакви примери и во делот на историските факти и во делот на промена на учебниците. Во суштина, зборуваме за дипломатска капитулација и нокаут, вели Мицкоски.
Ново на Сител
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
-

Дигитален регистер на загадувачи за почисто Скопје
-

Многу малку сестри во одделите за интензивна нега
