Мицкоски за тргање „20%“ од Уставот: Да не создаваме нови поделби кои никому не му одат во прилог
Јас би се вратил на суштината, а суштината е дека и Македонците и Албанците и Турците и Србите и Власите и Бошњаците и Ромите лошо живеат, тешко живеат. Да се фокусираме на тие проблеми, да ги решаваме проблемите на граѓаните. Да не создаваме нови поделби и да не создаваме нова поларизација која што никому не му оди во прилог, вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговори на новинарско прашање во врска со барањето на албанските партии за тргање на формулацијата „20%“ од Уставот.
Мицкоски исто така појасни дека во оваа насока пострашно беше дообјаснувањето на некои претставници на албанските партии кои спомнуваат дводомен парламент, нешто што според него е многу погрешен чекор и го нарушува унитарниот карактер на Македонија.
„Пострашно беше тоа што го кажаа како дообјаснување претставниците и лидерите на албанските партии а тоа е формирање на дводомен парламент што би значело де факто и де јуре федерализација и мислам дека тоа е многу погрешен потег и нарушување на унитарниот карактер на Македонија, бидејќи мислам дека ниту на Европа ниту на светот не му е потребно уште една Босна на Балканот и уште нефункционална држава. Една веќе имаме таква, тоа е Босна и не му е потребно да биде и Македонија. Ние сме против и рековме тогаш дека тоа е црвената линија за која што сме подготвени да ја браниме со сите средства и алатки кои што ни стојат на располагање како политичка партија“, истакна Мицкоски и додаде:
„Јас споменав да разговараме и за Бадентерот, споменав да разговараме и за Балансерот, да разговараме за намалување на тој праг од 20% на 5, на 10, 15%, ако сакаме да бидеме навистина граѓанско општество, па и Турците, и Бошњаците и Ромите да можат во општините каде што се повеќе од тие проценти да зборуваат на својот мајчин јазик, бидејќи суштината на Рамковниот договор е таа. Суштината на Рамковниот договор е да го покаже мултиетничкиот карактер на Македонија, а не да ја направи Македонија бинационална држава, за тоа сме против“.
Ново на Сител
-

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени
-

Ѓорѓиевски: Печатената грешка веќе е коригирана, а Скопје доби нов знак како што доликува.
-

Владата донесе одлука од денеска интервентно да обезбеди по 50.000 литри дневно бесплатна вода за пиење за граѓаните на Гостивар
-

Епидемиолозите прогласија епидемија во Гостивар
-

МЗ: Близу 350 лица викендов прегледани во Гостиварската болница со симптоми на ентероколит, три лица се хоспитализирани
-

Невреме предизвика голема материјална штета низ Словенија, десетици интервенции на пожарникарите
-

Андоновски: Во Крушево отворен 16. Центар за услуги, граѓаните добиваат непосредна поддршка и директен пристап до електронските услуги
-

Топлотниот бран продолжува до вторник, заладување и дожд од среда
