Мицкоски: Заедно со невладиниот сектор ќе се бориме против криминалот и корупцијата
Борбата со криминалот и корупцијата мора да биде одлучна. Без да победиме во таа борба, не можеме да имаме развиена држава, не можеме да имаме подобри услови и подобар стандард на граѓаните, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски по средбата со Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ) во Владата.
Тој посочи дека на денешната средба, во организација на ИРИ, заедно со невладиниот сектор и дел од членовите на Владата имале можност да поразговараат за една тема којашто, како што рече, претставува акутен проблем за нас како држава, а тоа е високото ниво на криминал и корупција и борбата против нив.
- А како дополнување зборувавме и за доброто владеење, нешто коешто исто така претставува императив за оваа Влада. Се надевам дека во периодот којшто следи сите овие разговори ќе имаат свој ефект врз работењето на Владата. Да бидам попрецизен, убеден сум, бидејќи од страна на Владата постои огромна желба, но истовремено и посветеност токму кон овие проблеми коишто се акутни во Македонија како држава, рече Мицкоски.
Тој изрази голема благодарност до Меѓународниот Републикански Институт и задоволство што може да присуствува и да разговара со невладиниот сектор, бидејќи, како што рече, борбата со криминал и корупција мора да биде одлучна, без да победиме во таа борба не можеме да имаме развиена држава, не можеме да имаме подобри услови и подобар стандард на граѓаните.
- Нас, како Влада, цел ни е да направиме сè што е во наша моќ да обезбедиме подобри услови за живот, но, и подобар стандард на нашите граѓани, бидејќи тоа е она коешто граѓаните од нас го очекуваат и тоа е она за коешто тие гласаа неколку месеци и на претседателските и на парламентарните избори, изјави Мицкоски, додавајќи дека заедно со невладиниот сектор, заедно со Меѓународниот Републикански Институт, убеден е дека ќе биде направено многу.
Ново на Сител
-
Протести во Ореовец
-
Почнаа дебатите за реформи на Судскиот совет, конечно решение се очекува до крајот на декември
-
Преглед на вестите од светот
-
Нов електронски систем за дозволи за оружје
-
СДСМ: Тошковски отпушта чесни полицајци
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Во наредните месеци нов закон за Судски совет
-
Состанок на високо ниво за новата рамка за одржлив развој меѓу ОН и Македонија