Мицкоски: Завршена е градинка за 200 дечиња, проектите продолжуваат

Мицкоски од Аеродром: Градоначалникот работи на нови проекти во образованието, завршена е градинка за 200 дечиња, проектите продолжуваат
Добро е кога се врши увид на нови проекти кои што значително ќе го подобрат животот на граѓаните, еве како што е овој овде позади мене каде што како што кажа градоначалникот 200 дечиња ќе можат да го поминуваат денот, да учат, да се дружат, а родителите да бидат спокојни дека децата им се згрижени.
Уште повеќе што еве македонски бренд ќе учествува со сопствена донација тоа е „Биби и Боби“ брендот кој што е кај најмладите прилично популарен и застапен.
Општина Аеродром продолжува и во следната година да работи на обезбедување на услови за децата, без разлика дали станува збор за предшколска или пак во основното училиште односно оние деца кои што започнуваат со основното образование. Како што најави и градоначалникот ќе има нови проекти во предшколска област, нови градинки, нови училишта или реконструкција на истите училишта.
Можеби е добро да споменеме дека како ВМРО-ДПМНЕ иновираме па така и овој пат, за прв пат дел од градоначалниците за кои што се надевам дека ќе биде и општина Аеродром за прв пат ќе објават таканаречена општинска обврзница и ќе можат сите инвеститори и жители на Аеродром, вклучително самиот градоначалник, вклучително и јас лично да учествуваме финансиски во таа општинска обврзница, средства со кои што потоа ќе бидат реализирани голем број на капитални проекти, а начин како да се обезбедат дополнителни средства во овие тешки времиња и да се гарантира на инвеститорите сигурен и доверлив пласман на нивните средства.
Така што продолжуваме со иновациите, продолжуваме да го испорачуваме тоа што е ветено, и се надевам дека граѓаните ќе го добијат она кое што го заслужуваат, наместо оваа апатија и пљачка која што денес се случува, некои нови политики, новитети, подобри денови, подобра економија итн.
ВМРО-ДПМНЕ гради и ќе продолжи да гради, додека пак коалицијата СДСМ и ДУИ краде.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Тошковски: Толеранцијата на „Безбеден град“ ќе биде идентична со полициските радари
-

Нови зборови за новото време: Мисија на „Зборци“ | Виктор Бучковски | Sitel Podcast 132
-

Магла на планинските премини Стража, Плетвар и Крушево, сообраќајот се одвива по влажни коловози
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Мухамет Хоџа нов министер за животна средина, Беким Сали министер за евроинтеграции
-

Со сослушување два сведоци продолжи судењето против Нино Васев
-

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар
