Мицковски единствен кандидат за наследник на Груевски

Христијан Мицковски, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, е единствен кандидат за наследник на Никола Груевски кој поднесе неотповиклива оставка од лидерското место во партијата.
За нов лидер на партијата биле поднсени две кандидатури, но прифатена е само кандидатурата на Мицкоски, бидејќи другата не била валидна.
Втората кандидатура не била прифатена, бидејќи, како што наведуваат од партијата, била поднесена без потписи. Името на вториот кандидат не се соопштува.
Конгресот за избор на нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ треба да се одржи денеска и утре во Валандово.
Претходно, Мицкоски на својот Фејсбук профил ја објави својата кандидатура за претседател на партијата.
- Ова за мене лично е една од најсериозните одлуки во животот, целосно разбирајќи ја тежината, честа, но и одговорноста да се води партијата која е вградена во кодот на македонецот и македонската држава и која ќе остане еден од главните темели на нашата татковина, објави Мицкоски на Фејсбук.
ВМРО-ДПМНЕ синоќа одржа Централен комитет, но засега нема информации што е одлучено.
Изборниот конгрес треба да се одржи денеска и утре во Валандово. Завчера на седницата на Извршниот комитет не беше прифатена иницијативата на Илија Димовски, Антонио Милошоски и други 50-тина партиски функционери и пратеници Конгресот да биде одложен за февруари и за колективно претседателство.
Во меѓувреме, Никола Попоски, кој се споменуваше како кандидат за лидер на партијата, поднел оставка на функцијата член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
- Оставката од ИК ја поднесов поради разлики во видувањата за изборните резултати, разлики околу начинот на носење долгорочни одлуки и чувството дека тие водат кон внатрепартиски поделби, кои воопшто не ни се потребни. Ценам дека задржување на единство и фокус на повисоки цели мора да биде над било чии лични амбиции. Член сум во неколку партиски републички комисии и тоа во комисиите за надворешни работи, за европски работи и за одбрана, напиша Попоски на Фејсбук.
Ново на Сител
-

Рубио: Притисокот на САД врз сојузниците во НАТО да вложуваат повеќе во одбраната не е непријателска работа
-

Трамп: Секој што го користи терминот вештачка интелигенција е „непријател“
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
