Мицотакис: Грчката Влада не може да ја извади земјата од кризата

Лидерот на најголемата опозициска партија во Грција Нова Демократија, Кирјакос Мицотакис остро ја критикуваше грчката Влада дека во преговорите со меѓународните кредитори договара уште еден меморандум во замена за нови економски мерки.
Во интервју за телевизијата „Антена“, тој истакна дека договарањето со кредиторите требаше да заврши уште пред една година и изрази уверување дека тоа нема да заврши ниту до 20 март.
- Владата не може да ја извади земјата од кризата, истакна Мицотакис.
Грчките медиуми денеска информираат дека во преговорите во Атина, кредиторите на земјата порабале дополнителни мерки во вредност од 3,6 милијарди евра. Тие, наводно, барале и дополнително намалување на пензиите како и на социјалната помош за ранливите групи граѓани.
Ново на Сител
-

Територијална реформа во Албанија - ќе остане ли Пустец општина на Македонците?
-

Протест во Тетово со барање општината да ги врати имињата на улиците кои ги укина Уставен
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, политички аналитичар
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
