Мицотакис: Очекувам јасна изјава од новиот премиер дека името е Северна Македонија и ќе го користи во и вон земјата
Очекувам од новиот премиер да даде јасна изјава дека го почитува Договорот од Преспа и дека името на неговата земја е Северна Македонија и тоа ќе го користи во и вон неговата земја, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во вечерашното интервју за телевизијата Стар, јави дописничката на МИА од Атина.
Мицотакис во интервјуто за централното издание на вестите, говореше и за надворешната политика, а се осврна и на односите со нашата земја, посочувајќи дека Атина се стреми кон добри односи, но неопходно е почитување на Договорот од Преспа.
-Видов некои изјави на претседателката на Северна Македонија и мислам дека направи некои чекори назад од првичните изјави. Ние се стремиме кон добри односи со Северна Македонија, но многупати имаме кажано дека добрите односи поминуваат преку почитувањето на јадрото на Договорот што го потпишаа двете земји, рече Мицотакис.
Го повтори ставот дека според нив Договорот има „многу проблеми кои ги гледаме сега во однос на признавањето на македонскиот јазик и националност“.
-Но, Договорот одреди едно име за сите и ова соседите мора да го почитуваат. И очекувам од новиот премиер, кога и штом ќе положи заклетва да даде јасна изјава дека го почитува Договорот од Преспа и дека името на неговата земја е Северна Македонија и тоа ќе го користи во и вон неговата земја, рече грчкиот премиер.
Ново на Сител
-
Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
-
Скопјанец ги претепал сопругата и малолетниот син, ја искршил и влезната врата од зградата
-
Претрес во скопско, пронајдено оружје и муниција | ФОТО
-
ЕУ ѝ префрла на Украина 1,5 милијарда евра приход од замрзнати руски средства
-
Тетовчани се скарале поради паркинг место, по што едниот извадил пиштол и му се заканил на другиот
-
Драма во Собрание: Неколку пратеници добиле заканувачки пораки
-
Институциите премолчуваат глорификација на терористи и прекршување на Законот за јазиците обвинува Левица
-
Комбе со мигранти се преврте на автопатот кај Бела Паланка, околу 50 повредени