Мицотакис прими трета доза од вакцината
– Речиси девет месеци по ревакцинацијата, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, денеска прими трета доза од вакцината против Ковид-19 и ги повика граѓаните да го сторат истото, особено оние кои воопшто не се вакцинирани, истакнувајќи дека сега веќе фактите „не дозволуваат никаков сомнеж за ефикасноста и безбедноста на вакцината“, јави дописничката на МИА од Атина.
-Девет од десет наши сограѓани кои и денес се приклучени на апарати се невакцинирани, а многу голем број наши сограѓани кои секојдневно ги губат животите, исто така се невакцинирани. Ајде конечно да ги послушаме научниците. Да ги погледнеме вистинските податоци. Сите да побрзаме да се вакцинираме за дополнително да ја зголемиме стапката на вакцинација во нашата земја во целина. Пред сѐ и над сѐ да си се заштитиме самите и оние што ги сакаме и општеството, рече Мицотакис откако се вакцинираше.
Трета доза, во петокот прими и претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, која заедно со Мицотакис се вакцинираше на првиот ден од процесот на имунизација во земјата, на 27 декември 2020 година, а ревакцинацијата беше три седмици подоцна.
Ново на Сител
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
-

Од утре врнежи, ветер и заладување
-

Анкета: Пад на рејтингот на Трамп
-

Приведен возачот кој усмрти пешак синоќа во Марино
-

Русија и Украина меѓусебно напаѓаат енергетски објекти, стотици илјади потрошувачи без струја
