-->
-->
Михајловиќ го посакува Касерес во Милан
-->
Тренерот на Милан, Синиша Михајловиќ, ќе се обиде во претстојниот зимски преоден рок (јануари 2016) да го доведе на „Сан Сиро’’ уругвајскиот репрезентативец Мартин Касерес од Јувентус.
Сепак, тоа засега е само желба на српскиот тренер на кормилото на „Росоњерите’’ бидејќи за исполнување на неговата желба, бидејќи постои услов, миланскиот клуб да го напуштат Филип Мексес и Кристијан Запата, известува италијанската телевизиска станица „Скај Спорт’’.
Касерес, очигледно сезонава не е плановите на тренерот на Јувентус, Масимилијано Алерги, па Уругваецот досега има одиграно само два натпревари и тоа на почетокот на сезоната. Затоа, Касерес, размислува да замине од Торино, но претпочита да остане во Серија А, иако веќе за него голем интерес пројави турски гигант Галатасарај, пренесува телевизијата.
Касерес во Јувентус е веќе шеста сезона. Прв пат во торинскиот тим играше сезоната 2009/2010, по што замина две години во шпанската Севиља, за 2011 година, одново да се врати во редовите на Јувентус. Тој во својата кариера настапуваше и за екипите на, уругвајскиот Дефенсор Спортинг, шпанските Виљареал, Рекреативо Хуелва, и Барселона.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Клиника за радиологија и онкологија: На располагање сме за регистер во форма неопходна за ФЗО
-
60-годишник прегазил малолетничка во Скопско Поле
-
54-годишен наставник натепал ученик во село Џепчиште
-
Сведокот во бегство за убиството на Вања сам се предаде во полиција
-
Во штипскиот Основен суд закажано судењето за убиството врз 29 годишната Емилија Прошева
-
Приведен криумчар на мигранти, пронајдени 3 лица
-
52-годишна кавадарчанка пронајдена почината со повреди на телото
-
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време