Мики (18) од 2 години има трактор, горд е на тоа и го сака како најдобар пријател: Фотографиите од нив двајца се неверојатни
Мики (18) од 2 години има трактор, горд е на тоа и го сака како најдобар пријател: Фотографиите од нив двајца се неверојатни
Михаел Чалага (18) живее во Крешево кај Сараево, тој е се само не обичен 18-годишник. За љубовта која ја има кон неговиот трактор можат да се напишат книги - во томови. Речиси деценија ипол е заедно со својот IMT, фотографиите на него и неговиот трактор се неверојатни.
- Татко ми го купи овој трактор кога имав 2 години и од тој момент се немам разделено од него. Кога татко ми ќе заминеше на работа, со него бев јас, дури и толку мал, за на крај да го превземам тракторот со моите девет години и од тогаш е само мој. Секој ден ние двајца работиме заедно, работа секогаш има - раскажува Михаел.
Иако е 18-годишник, Михаел е сериозен работник. Се занимава со шумарство, има фарма за овци и кози, но највише сака трактори.
- На фармата имам 350 овди и 125 кози, можете да замислите колку работа има. Но ништо не ми е тешко. За жал поголем дел од луѓето денес немаат доволно можности да створат нешто повеќе за себе и своите деца и затоа никого не обвинувам кога ќе се преселат во град. Меѓутоа, би било добро кога таму би заработиле, па се вратат и ги вложат тие пари во село - вели Михаел.
Она што дополнително воодушевува, покрај тоа што ова младо момче е толку зрело и вредно, се и фотографиите кои секојдневно ги објавува на социјалните мрежи.
Заблагодарувајќи се на нив, Михаел секојдневно добива многу пораки од непозани луѓе кои ја фалат неговата посветеност.
- Најбитна ми е работата, па после се друго. Немам многу слободно време за себе бидејќи секојдневно работам и возам на фармата.
Ново на Сител
-
Обвинителката Ленче Ристоска е задоволна од одлуката на Уставен суд
-
Тема на денот со Милан Стефаноски, надворешно политички аналитичар
-
Трамп: Русија е во подобра позиција за преговори од Украина
-
Изгоре стан во Кисела Вода – Пет лица се повредени
-
Со сатар и два ножеви скопјанец се обидел да влезе во Кривичниот суд
-
Од денеска замрзнати цени и маржи, казните за непочитување се до 10 илјади евра
-
Бизнисот ги бара парите од солидарниот данок, Финансии ги убедува да прифатат пребивање
-
МОН и СОНК пред потпишување на колективен договор