Милан славеше во Болоња

Синиша Михајловиќ се врати на клупата на Болоња по последната тура на хемотерапија, но фудбалерите на Милан му го расипаа кам-бекот однесувајќи 3:2 победа на „Ренато Дал’Ара“.
Михајловиќ доби аплаузи од домашната публика откако се врати на своето работно место по последната тура на хемотерапија за леукемијата и по трансплантација на коскената срж, а моментот беше посебен бидејќи го пречекуваше тимот кому му беше тренер во минатото.
Кшиштоф Пјонтек уште во 15. минута ги донесе гостите во водство со гол од пенал, пред Тео Ернандез во 32. минута да зголеми на 0:2. Сепак, Ернандез само осум минути подоцна си постигна автогол, давајќи надеж дека Болоња може да извлече барем реми.
Џакомо Бонавентура само што почна второто полувреме ја врати предноста од два гола за Милан, меѓутоа финишот на мечот беше многу интересен, откако Никола Сенсоне од пенал во 84. минута намали на 2:3.
Сепак, Милан изддржа и конечно сврза две победи во низа под водство на Стефано Пиоли и да се искачи на 9. место на табелата со 20 поени. Болоња пак, не успеа по сензационалната 2:1 победа над Наполи да собори уште еден голем ривал, и останува на 13. место на табелата со 16 поени.
Ново на Сител
-

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
